„Бомба“ пред детонација во Истанбул: Зидан пред промоција во Фенербахче!

Фудбалскиот клуб Фенербахче и легендарниот Зинедин Зидан преговараат за соработка откако Жозе Мурињо ја напушти клупата на турскиот гигант по неговиот отказ.

Некои турски медиуми објавуваат дека Зидан и челниците на Фенербахче веќе постигнале договор францускиот ас да го преземе тимот, кој, за потсетување, не успеа да се квалификува за Лигата на шампионите под водство на Мурињо.

Со „Кралскиот клуб“ ги освои сите можни трофеи, по што направи долга пауза од работата, но јасно е дека е подготвен да се врати на големата сцена.

Фенербахче, според сите извештаи, ќе биде неговиот следен клуб.

Според турските медиуми, првиот „избор“ на турскиот гигант бил Лучијано Спалети , кој, сепак, ја одбил понудата. Во игра биле и Анџелос Постекоглу и поранешниот селектор на Белгија, Доменико Тедеско.

Според сите инфорамции, Зидан треба да ја преземе француската репрезентација после Светското првенство 2026 година, кога е јасно дека Дидие Дешамп ќе си замине од функцијата.

Се вчитува...