Ливерпул ќе биде во епицентарот на фудбалските случувања во летниот преоден рок, бидејќи тренерот Арне Слот ќе треба да ги засили редовите за да го компензира сигурното заминување на Мохамед Салах, првата ѕвезда на тимот.
А како што пишува „Ел Национал“, „една од целите на Ливерпул во текот на преодниот рок ќе биде Хари Кејн“.
Англичанецот размислува за враќање во Премиерлигата, а Ливерпул будно го следи тоа и е подготвен да влезе во трката за искусниот стрелец.
Кејн е ефикасен во својата втора сезона во гигантот од Минхен, со 32 гола и 11 асистенции во 37 натпревари за Баерн во сите натпреварувања и е еден од главните кандидати за освојување на Златната копачка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА