Американскиот кошаркар Пи Џеј Доузер е нов кошаркар на белградски Партизан, а само се чека официјализирање на веста. 26-годишниот играч, кој игра како бек и ниско крило, потпиша едногодишен договор со шампионот на АБА.
Доузер беше член на неколку НБА тимови од 2017 до 2023 година, со мали патувања во Г лигата. Кариерата ја започна во Оклахома Сити Тандер, а потоа играше во Бостон Селтикс.
Сепак, Доузер несомнено остави најдобар впечаток во редовите на Денвер Нагетс, актуелниот шампион на најсилната лига во светот, за кого настапуваше од 2019 до 2022 година. Најдобра сезона за него беше 2020/2021 година, во која на 50 натпревари имаше просек од 7,7 поени и 3,6 скока. М
Последниот ангажман во НБА, Доузер го имаше во Сакраменто Кингс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА