Искусниот француски кошаркар Нандо де Коло е бомбата во Евролигата во Новата 2026 Година. Како пренесува „Баскет њуз“, овој кошаркар се враќа на местото на успехот и тоа во Фенербахче.
Де Коло два пати ја освои Евролигата, но со тимот на ЦСКА, а претходните три сезони ги одигра во Асвел со кој има многу успеси, но сака нов предизвик и покрај тоа што има 38 години.
Јасно е дека не го кажал последниот збор во кошарката. Сезонава има индекс 11 во Евролигата, со 13,6 поени, 4,7 асистенции и 2,1 скок по мечот, иако има 21 минута. Фенер не тргна најдобро во Евролигата, и се гледа дека има требаат уште засилувања за евентуална одбрана на титулата во најелитното европско клупско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

