БОМБА во мак-фудбалот: Бабунски го засили Вардар!

Актуелниот шампион во Купот на Македонија, Вардар стигна до големо засилување ангажирајќи го репрезентативецот на Македонија, Давид Бабунски како едно од најголемите трансфери во летниот преоден рок.

Поранешниот фудбалер на Барселона во редовите на најтрофејниот македонски клуб пристигнува по сезона помината во Дунди Јунајтед и ќе биде огромно засилување за амбициозните „црвено-црни“.

Сега 31-годишникот во текот на кариерата настапуваше и за Црвена Звезда, Јокохама Маринос, Омија, Ботошани, Константа, Дебрецин и Мезековец.

Се вчитува...