Српскиот репрезентативен напаѓач Александар Митровиќ би можел да биде сензационалниот трансфер на Манчестер Јунајтед ова лето, пренесуваат англиските медиуми.
Манчестер Јунајтед имаше разочарувачка сезона во која потфрлија младите талентирани напаѓачи па Рубен Аморим нема да ризикува, наместо тоа на „Олд Трафорд“ нови проверен голгетер во 30-годишниот Србин и тоа во трансфер вреден 40 милиони евра.
Митровиќ на кој добро му е позната Премиерлигата каде постигна вкупно 38 голови настапувајќи за Њукасл Јунајтед и Фулам па тоа го прави вистинското засилување за предизвиците на клубот кој мака мачи веќе неколку сезони.
Договорот на Миторвиќ со Ал Хилал е со важност до крајот на следната сезона, но е подготвен предвремено да ја заврши својата епизода во Саудиска Арабија и да се врати назад во Англија и за помала плата од таа што ја има во моментот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

