Сценарио што станува се пореално е Желимир Обрадовиќ да се врати во Панатинаикос. Откако Жељко Обрадовиќ си замина од Партизан, во кошаркарската јавност се почесто се шпекулира за неговиот следен чекор. Иако рече дека нема да превземе ниту еден клуб до крајот на сезоната, поканата од Атина е нешто на што е тешко да се каже „не“.
Клубот од Атина минува низ турбулентен период, а резултатите не ги следат инвестициите и амбициите. Во таква ситуација во Грција повторно се поставува прашањето за враќањето на човекот кој е симбол на најголемите успеси на „зелените“.
Ергин Атаман целосно ја загуби контролата над тимот кој падна во сериозна летаргија, а како негова замена се споменува само името на Обрадовиќ.
За потсетување, Обрадовиќ со Панатинаикос освои пет европски шампионски титули и остави неизбришлива трага, поради што навивачите се уште го доживуваат како природно решение во моменти на криза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

