Бомба во најава – Роналдињо му се враќа на фудбалот

Од Јужна Америка пристигнува фудбалска бомба, поврзана со легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо. Некогаш најдобриот фудбалер во светот во пензија е од 2015 година кога се раздели со Флуминенсе. Од тогаш неговото име во неколку наврати се поврзуваше со некои клубови, а сега повторно се актуелни шпекулациите дека тој ќе му се врати на фудбалот.

Роналдињо би можел да заигра ни повеќе ни помалку туку во аргентинската Гимназија ла Плата во која тренер е Диего Армандо Марадона. Роналдињо е желба на легендарниот Марадона во борбата за што подобар пласман во шампионатот на Аргентина.

Бразилецот во моментов е во хотел во Парагвај каде е во куќен притвор откако беше докажано дека во земјата влегол со фалсификуван пасош. Во моментов Роналдињо има 40 години, па се очекува каква ќе биде неговата одлука и дали ќе му се врати на фудбалот.

Се вчитува...