„Бомба“ во најава во Ф1: Ферстапен си оди од Ред Бул?

Трикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, наводно, одлучил да го напушти Ред Бул, тврдат дел од светските медиуми.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, потврди дека тимот имал разговори со Ферстапен за потенцијален трансфер. Иако нагласи дека шансите за трансфер се мали, призна дека разговорите се воделе зад затворени врати.

Иднината на Ферстапен во Ф1 е предмет на многу шпекулации веќе некое време, со оглед на борбата на Ред Бул да биде конкурентен во тековната сезона.

Неговите шанси да ја одбрани титулата се значително намалени откако испадна во првата рунда од Големата награда на Австрија, по контактот со Кими Антонели од Мерцедес.

Се вчитува...