„Бомба“ во НФЛ: Арон Роџерс си замина од Грин Беј

Еден од најдобрите играчи во НФЛ-лигата во изминатата деценија, квотербекот Арон Роџерс реши да стави крај на авантурата во дресот на Грин Беј пекерс, клуб чиј дрес го носеше во изминатите 18 години. Нов клуб на Роџерс ќе биде Њујорк џетс, кој по долги преговори конечно ја договори размената со која искусната суперѕвезда ќе стане дел од овој колектив.

Како пресудна се покажа изјавата на Роџерс дадена на 15 март, кога тој јасно стави до знаење дека е решен да си замине од Грин Беј, посочувајќи го токму Њујорк џетс како клуб за кој сака да игра. Оттогаш беа водени рпеговори меѓу клубовите, за конечно да биде постигнат целосен договор. Грин Беј ќе ги добие сите три „пика“ на претстојниот НФЛ-драфт (13. избор, 42. избор и 170. избор).

Арон Роџерс мина 15 сезони како стартен квотербек на Грин Беј, период во која пакерс играа во плејофот дури 11 години. Тој освои четири МВП-признанија, како и една титула во НФЛ-лигата.

Се вчитува...