Бомба во НФЛ: Роџерс стигнува во Њујорк

Легендарниот квотербек на Грин Беј Пекерс, Арон Роџерс, во средата изјави дека има намера да игра за Њујорк Џетс во претстојната сезона во НФЛ.

Појавувајќи се на подкастот на Пет Мекафи, 39-годишниот Роџерс рече дека одлуката ја донел во петокот и дека двата тима, како и неговите претставници, работат на официјализирање на овој трансфер.

„Трејд разговорите се уште се во тек, а Роџерс на никаков начин не ги кочи“, известува „ЕСПН“

Таквото сценарио можеше да се предвиди кога стана јасно дека офанзивниот координатор на Пакерс, Натаниел Хакет, ќе оди во Џетс. За Пекерс работеше во периодот од 2019 до 2021 година кога Роџерс имаше многу успеси, а Арон не крие дека многу ја цени работата на 43-годишниот стручњак.

Се вчитува...