Бомба во ПМФЛ: Кире Ристевски е нов фудбалер на Струга ТЛ

Актуелниот шампион на Македонија, Струга ТЛ го доведе најзвучното засилување досега во ПМФЛ за новата сезона.

Се работи за македонскиот фудбалски репрезентативец кој беше дел од селекцијата и на ЕП 2020 година, Кире Ристевски.

Својот последен ангажман Ристевски го имаше во кипарски Етникос, а во кариерата настапуваше и за Пјуник, АЕЛ Лимасол, Ујпешт, Вашаш, Работнички, Тирана, Славија Софија, Пелистер…

Се вчитува...