Голема е веројатноста дека ангажманот на Маркус Рашфорд нема да биде последниот мега трансфер на Барселона ова лето со оглед на желбата која ја изрази каталонскиот клуб за ангажман на отпишаната мега-ѕвезда на Реал Мадрид, Родриго.
За младиот бразилски ас повеќе нема место во Реал Мадрид, неговата желба да остане во тимот и да се докаже под новиот тренер Чаби Алонсо драстично се намали откако настапи на само три натпревари на ФИФА Светското клупско првенство па во потрага по минутажа веќе побара заминување од „Сантијаго Бернабеу“.
За негов ангажман постои сериозен интерес од повеќе клубови од Премиерлигата, како и ПСЖ, но незадоволството може да се изрази со трансфер каков што Шпанија не видела речиси 30 години. Последен кој направил трансфер од Реал Мадрид во Барселона беше Луис Енрике во 1996 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

