Само кратко време откако постигна договор со Дерин Говенс, кој ќе биде играч и член на УО на ТФТ, тимот од Тафталиџе обезбеди големо засилување пред почетокот на сезоната.
Адем Мекиќ е нов член на ТФТ, со што после две години се враќа во македонскиот шампионат, откако настапуваше во Темишвар и во Задар во изминатите две години.
Договорот на Мекиќ со ТФТ ќе биде „отворен“, односно ако има понуда од странство да може веднаш да си замине. За Мекиќ имаше интерес и од неколку други домашни клубови, но и од странство.
Мекиќ досега играше за Вардар, МЗТ, Куманово, Охрид и Пелистер. Своето деби за новиот клуб ќе треба да го има во дуелот со Куманово во сабота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА