Фудбалската репрезентација на Македонија загуби на домашен терен со 2-3 од Украина во натпревар од 2. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.
Иако имавме предност од 2-0 на полувреме, големиот пад во вториот дел на крајот не чинеше голема победа во евроквалификациите. Стрелец на вториот гол за Македонија беше Елјиф Елмас кој на феноменален начин ја затресе мрежата на Украинците.
Токму овој погодок на „дијамантот“ е во избор за најдобар на рундата во евроквалификациите.
За гол на рундата можете да гласате на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА