Актуелниот македонски ракометен шампион Вардар во еден крајно неизвесен натпревар по голема борба успеа да слави со минимални 20-19 против хрватскиот ППД Загреб во натпревар од 12. коло во Лигата на шампионите.
Иако силната одбрана беше клучна за победата, неколку потези на ракометарите на „црвено-црните“ во нападот оставија голем впечаток во Европа. Токму еден од головите на Куни Моралес се најде во изборот на петте најдобри на рундата во елитното натпреварување.
Најубавите голови на 12. коло во Лигата на шампионите можете да ги погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА