Бомбата на Шабицер избрана за најдобар гол на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Голот на фудбалерот на РБ Лајпциг, Марсел Шабицер е избран за најубав погодок во третото коло од Лигата на шампионите. Шабицер беше стрелец на победничкиот гол на германскиот тим во победата над Зенит Санкт Петерсбург од 2-1.

Покрај Шабицер номинирани за најубав погодок во третото коло беа и головите на Толисо од Баерн Минхен, Окслеј Чембрлејн од Ливерпул и Пауло Дибала од Јувентус.

 

Се вчитува...