„Бомбата“ на Вујин во второто полувреме без сомнение ќе остане запаметена од натпреварот меѓу Вардар и Порто во Лигата на шампионите кој, на крајот, заврши без победник (25-25).
Но, повеќе од самокритички, самиот Вујин нагласува дека и покрај тие пооделни потези нападот на Вардар не бил воопшто на нивото од натпреварот со Фленсбург.
„Имавме многу проблеми со технички грешки и нереализирани зицери во нападот и тоа пресуди. Мислам дека ремито е некако најреално и покрај тоа што го загубивме несреќно. Не бевма на нивото од играта како против Фленсбург и тоа не чинеше победа. Верувам дека од натпревар на натпревар ќе бидеме се подобри“ – истакна Вујин на прес-конференцијата по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА