Бон и македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортц изедначија на 1-1 во финалната серија во Бундеслигата откако во вториот натпревар славеа со убедливи 104-75. Победата домашниот тим ја најави уште во првата четвртина која ја доби со двоцифрена предност (26-16), а ја потврди до крајот на третата четвртина во која имаше и предност од 31 поен.
Македонскиот бек натпреварот го заврши со 16 поени при реализација 3/4 во обиди за еден 5/9 за два и 1/4 во обидите за три поени, а ги разигра своите соиграчи делејќи девет асистенции за 29 поминати минути на теренот.
FINAL | 104:75 – Wir schlagen zurück und gleichen in den @easyCreditBBL-Finals gegen Ulm zum 1:1 aus! @finndelany führt uns mit 23 Punkten an (neue persönliche Bestleistung), insg. 5 Bonner punkten zweistellig!
Spiel 3: 14.6.23, 20:30 Uhr in Ulm#BonnToBeWild #HEARTBERG pic.twitter.com/HQ1lBti7fl
— Telekom Baskets Bonn (@TelekomBaskets) June 11, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА