Играчот од средниот ред на Милан, Џакомо Бонавентура, денеска стави потпис на продолжување на соработката со „росонерите“ до 2020 година. Италијанскиот репрезентативец дојде во Милан од Аталанта во 2014 година за сума од 7 милиони евра и тој трансфер наиде на критики од јавноста во Италија.
Сепак, Бонавентура со тек на време се афирмира во еден од најдобрите играчи на Милан и раководството на клубот сака да го задржи играчот во своите редови уште долго време. Тој минатата сезона постигна шест погодоци и запиша осум асистенции, а оваа сезона четирипати ја тресеше противничката мрежа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА