Бонди – Предградието на Париз кое создава фудбалски великани

Рендал Коло Муани е новата француска ѕвезда, откако беше стрелец на одлучувачкиот гол за Франција во полуфиналната победа од 2-0 над Мароко на Светското првенство во Катар.

Пред полуфиналниот меч со Мароко имаше само три настапи за француската репрезентација. Потоа влезе на теренот во 78. минута и минута подоцна постигна гол со кој го запечати пласманот во финалето.

Она што ги поврзува Коло Муани и најдобриот француски играч Килијан Мбапе е нивниот роден град. И двајцата пораснале во Бонди, предградие на Париз, 11 километри од центарот на француската престолнина.

 

Се вчитува...