Германскиот репрезентативец Исак Бонга и официјално повеќе не е дел од Баерн Минхен. Тоа тој го потврди на социјалните мрежи каде се збогуваше со германскиот евролигаш со што се подготвено за официјално претставување како нов кошаркар на Партизан.
Дваесетичетиригодишникот кој има и НБА искуство настапувајќи за ЛА Лејкерс, Вашингтон и Торонто се врати назад во Германија во 2022 година и оттогаш настапуваше за Баерн Минхен со кој ја освои титулата во домашниот шампионат и две титули во Купот на Германија.
„Би сакал да им се заблагодарам на сите во организацијата. Се чувствувам убаво и ми беше прекрасно. Сега имам нов предизвик, но сигурно ќе останеме во контакт“, напиша Бонга.
Крилото кое е познато по фантастичната одбрана се очекува да биде еден од клучните кошаркари на тимот предводен од Жељко Обрадовиќ во новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА