Бонга со порака: Ако си оди Жељко, си одам и јас

Сите се во исчекување на конечната одлука на Жељко Обрадовиќ, утре ќе биде јасно дали големиот тренер ќе продолжи да го води Партизан и во иднина, информација што со нетрпение ја очекуваат и кошаркарите на „црно-белите“. Има такви кои ќе бидат продадени доколку Обрадовиќ остане на клупата, а сосема спротивна е ситуацијата со Исак Бонга, кој најавил дека е подготвен да си замине ако Жељко ја напушти клупата.

Бонга одигра извонредно на последниот Евробаскет, беше избран за МВП на финалето и за најдобар дефанзивец на турнирот, тој доби неколку интересни понуди, но на крајот сепак реши да остане во Партизан потпишувајќи нов тригодишен договор со српскиот гигант.

Германецот не го криел разочарувањето од заминувањето на директорот Савиќ, а доколку си замине и Обрадовиќ и Партизан добие нов тренер, Бонга ќе инсистира да му биде дозволено да си замине. Неофицијално, тој има на маса три евролигашки понуди од Реал Мадрид, Фенербахче и од Милано, клубови кои се подготвени да платат и богата отштета за да го доведат во своите редови.

Конечниот исход сепак ќе биде познат по одлуката што Партизан и Обрадовиќ ќе ја соопштат во текот на утрешниот ден…

Се вчитува...