Бонга во Валенсија за 2,8 милиони евра, Партизан добива соодветна отштета

Германскиот репрезентативец Исак Бонга минатото лето дојде во Партизан од Баерн Минхен и веднаш имаше фантастична сезона, издвојувајќи се меѓу најдобрите и најконзистентните играчи на Партизан, во Евролигата со просек од 7,7 поени и 4,5 скока по натпревар.

Сепак, Бонга е на излезна врата од Партизан. За него се заинтересирани новите евролигаши Хапоел, како и Валенсија која е во „пол позиција“, најблиску до потпишување на Исак Бонга.

Понудата за Бонга е двегодишен договор вреден 2,8 милиони евра, а плус 600.000 евра ќе одат на сметката на Партизан за откуп на договорот на германскиот крилен кошаркар.

Се вчитува...