Напаѓачот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс, потврди дека нема да му се придружи на Милан поради неговите претходни повреди. Тој беше во клубот од „Џузепе Меаца“ и ги помина медицинските прегледи, но потоа Италијанците се повлекоа. Како што се очекуваше, ова се должи на сомнежите на Италијанците дека Бонифејс не е целосно подготвен.
Милан наводно се откажал од него поради повредите кои ги имал фудбалерот на коленото во минатото.
„Трансферот не се случи поради моите минати повреди. Имав две повреди на десното колено, а проблемот се влечеше со текот на времето“, рече фудбалерот.
Откако беше јасно дека Бонифејс нема да потпише, тој денеска се приклучи на екипата и ќе му биде на располагање на тренерот Ерик тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

