Мароко е претпоследниот четвртфиналист на Мундијалот во Катар, откако денеска ја совладаа големата Шпанија преку пенали, и така се пласираа меѓу најдобрите осум. Мароканската селекција успеа да се одбрани во регуаларниот дел, па и во продолженијата да се спасат преку стативата, за Боно да биде херој во пенал рулетот, бранејќи два пенали, а еднаш Шпанците ја погодија и стативата.
Во регуалрниот дел од мечот беше без голови. Шпанија ја имаше доминацијата, но направи само две зрели шанси преку Асенсио во првото полувреме и Мората во вториот дел. Мароко имаше само неколку полушанси и опасни ситуации, но без посериозен удар да го загрози Симон.
Поголеми возбудувања имаше во продолженијата. Во првото се закани Мароко преку Шедира, кој излезе сам, но Симон му го одбрани ударот.
Во второто продолжение, односно во последните секунди Сарабија имаше супер шанса, но шутираше само во стативата за победникот да се решава по пенали.
Мароканците во првата серија во пеналите погодија, а Сарабија ја погоди стативата. Зијеш во втората серија отвори со гол, а Боно го одбрани ударот на Солер за голема предност на Мароко. Третата серија Симон брани удар на Бенун, но и Бускетс не реализираше, Боно одново одбрани. Хакими погоди убаво со паненка за конечен триумф на Мароко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА