Бонучи: Јувентус не е тоа што беше, сега е време за нови промени!

Јувентус изгуби дома од Емполи со 1-0 во второто коло од Серија А, а камерите го уловија капитенот, Џорџо Киелини, кој во комуникација со тренерот, Алегри, рече – „Ова не е тим“. Денеска уште еден од играчите на „бјанконерите“ се огласи по бледото издание на „старата дама“, па потенцираше дека е време за нови промени.

Имено, Леонардо Бонучи, преку социјалните мрежи се осврна на мечот со Емполи кој донесе ново разочарување на фановите на Јувентус.

„Овој тим не е тоа што беше, сега е време за работа и постигнување резултати“, напиша Лео.

Јуве по третпат во последните 52 години нема победа во првите два меча во Серија „А“ откако во воедното коло ремизираше со Удинезе, а сега остана со празни раце и по дуелот со Емполи.

Се вчитува...