Капитенот на Јувентус Леонардо Бонучи, неодамна одбил две понуди од странство, само да остане во тимот од Торино, и таму да ја заврши кариерата. Тој најави дека по завршувањето на идната сезона ќе се повлече од фудбалот, и сакаше тоа да го стори во дресот на „бјанконерите“. Меѓутоа ситуацијата не се менува, иако вчера Јувентус го отпиша, и го стави на трансфер листа.
Бонучи наводно им кажал на своите блиски дека е шокиран од оваа одлука од Јувентус. Но, бил категоричен дека ќе продолжи да биде дел од тимот. Тој ќе тренира самостојно, откако не се најде на списокот на патници на тимот во САД.
Бонучи е еден од најплатените играчи на „старата дама“ со нето плата од 6,5 милиони. Само Влаховиќ и Киеза имаат повисоки плати од него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА