Легендарниот италијански стопер Леонардо Бонучи во разговор за британскиот таблоид „The Sun“ имаше пофални зборови за поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и репрезентативец на Англија, Хари Мегваер.
Мегваер долго време беше „мета“ на англиските медиуми поради формата која ја покажа во дресот на „црвените ѓаволи“, а и токму поради тоа тој треба да биде идеален пример според италијанскиот колега.
„За мене Хари Мегваер е пример кој секој фудбалер треба да го следи. По сите напади кои ги претрпе се уште игра константно и за Манчестер Јунајтед и за репрезентацијата на Англија. Тоа само покажува колку е ментално силен. Мегваер е цврст одбранбен играч, неговиот проблем беше тоа што беше платен многу кога пристигна во Манчестер Јунајтед.
Поради тоа не смееше да згреши. Покажа дека е ментално силен и дека има одлики на водач, интелигенција и карактер. Како и сите ние, Мегваер има лимити, но ги препозна истите за да се подобри“, изјави Бонучи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА