Бонучи објасни зошто не му одеше на Јувентус со Роналдо

Одбранбениот фудбалер на Јувентус Леонардо Бонучи објасни што тргна по лошо во тимот од Торино во периодот кога Кристијано Роналдо беше дел од екипата.

Тој смета дека тоа што го имале Роналдо кај голем дел од фудбалерите наметнало став дека е доволно за победа на секој меч, што било голема грешка.

„Се работеше околу идејата дека еден играч, особено најдобриот на светот може да гарантира победи. Присуството на Кристијано многу влијаеше на нас. Самите тренинзи со него ни даваа нешто повеќе, но во потсвеста играчите почнаа да мислат дека неговото присуство е доволно за победа. Почнавме да потфрламе во тимската игра и во желбата да бидеме тука едни за други. Како да се подразбираше дека доволно за победа е само да му ја додадеме нему топката“, изјави Бонучи. 

Се вчитува...