Легендарниот италијански стопер Леонардо Бонучи со крајот на претходната сезона стави крај на богата кариера во која меѓу останатите беше дел од најславните италијански клубови Интер, Јувентус и Милан.
Во интервју за „Скај Спортс“ откри дека два пати го одбивал тренерот Пеп Гвардиола кој му нудел прво да дојде во Баерн Минхен, а потоа и во Манчестер Сити.
„Ми канеше две години по ред. Во 2016 и 2017 кога отидов во Милан. Очигледно во 2016 година не размислував да ја прифатам понудата, бидејќи немаше шанси Јуве да ме стави на продажба. И јас бев среќен. Но, во 2017 година ми се јавија Мирабели и Монтела и ми кажаа дека ќе бидам водач и капитен на новиот проект. Не сакав да ја напуштам Италија. Кога му дадов збор на Милан, имаше покани од Манчестер Сити и Пари Сен Жермен. Но, јас сум таков човек и мојот збор е важен. Нивните понуди беа подобри од понудата на Милан, но јаз го дадов зборот“, вели Бонучи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА