Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи, поднел жалба до Италијанскиот олимписки комитет поради односот на клубот кон него, пренесува „Газета дело спорт“.
Капитенот беше исфрлен од првиот тим, и тоа во Италија беше примено како изненадувачки и шокатно, со оглед дека тој беше долги години дел од клубот, и капитен на „бјанконерите“.
Јувентус му дозволи пристап до клупските простории и база после 19:30 часот, кога дефанзивецот може да тренира индивидуално. Претходно поднесе барање до Јувентус за да му се овозможи да тренира со соиграчите.
Бонучи во жалбата навел дека е погрешно отстранет од тимот. Сега се надева дека олимпискиот комитет на Италија ќе донесе одлука да биде вратен во тимот. Ветеранот тврди дека е прекршен челнот 7 од колективниот договор за заштита на првата на италијанските фудбалери, кој забранува неоправдано исклучување од тренажен процес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА