Египетски олимписки борач е уапсен во Париз под обвинение за сексуален напад, соопшти француското обвинителство. Во соопштението на париското обвинителство се наведува дека 26-годишен борач од Египет бил приведен во петокот рано наутро откако наводно допрел жена.
Обвинителството не го наведе името на борачот, но изјави дека е роден во Египет и дека бил во Париз каде учествувал на Олимпијадата. Француските медиуми, меѓу кои и весникот „Паризиен“ наведуваат дека тој бил под дејство на алкохол.
Осомничениот е Мухамед Елсајед, бронзен медалист на Игрите во Токио, а во Париз бил поразен од Азербејџанец кој подоцна го освоил медалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА