Борбата меѓу Фјури и Вајт ќе биде најскапата во историјата на боксот

Боксерот Тајсон Фјури се враќа во рингот наскоро за борба со Дилијан Вајт на која ќе ја брани светската титула во ВБЦ верзијата, што ја освои и ја одбрани по триологијата со Деонтеј Вајлдер.

Ова ќе биде историска борба, бидејќи истата ќе чини неверојатни 41 милион долари. Промоторот Френк Ворен ја понуди оваа сума и ја доби организацијата на пресметката пред „Мечрум боксинг“, кои понудија неверојатни 32,2 милиони долари.

Тоа значи дека Фјури доколку победи ќе добие 80 отсто од буџетот на борбата или околу 32,8 милиони долари, додека Вајт 8,2 милиони.

За Вајт ова ќе биде прва борба за шампионска титула и ќе се обиде да го изненади непоразениот Фјури. Искусниот 33-годишен тешкаш има само два порази во кариерата на 30 борби и тоа од Александер Поветкин и Ентони Џошуа.

Се вчитува...