Тајсон Фјури по големата победа над Франсис Нгану во битката на тешкашите го очекува „борба на векот“ против Олександар Усик за соединување на титулата во тешката категорија, нешто што не се случило од 1999 година.
Борбата на Британецот и Украинецот ќе се одржи во Саудиска Арабија, но засега не е познат точниот датум. А, според последната изјава на промотерот на Фјури, Фрек Ворен тоа нема да биде во 2023 година бидјеќи на Фјури му е потребен одмор.
„Фјури продолжи во тоа што го прави најдобро – дојде до побеа. Оваа борба е сега зад нас, а гледаме на иднината. Договорена е борба со Усик, а се надевам дека кога Тајсон ќе биде подготвен ќе имаме и датум. Нема да биде во декември бидејќи тој не е подготвен. Пет, шест недели не е доволно. Борбата со Нгану беше тешка ќе му треба време за рехабилитација“, изјави Ворен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА