Борче Даскаловски е изборот на раководството на Карпош соколи за наследник на Драган Николиќ на тренерската функција, објави денеска актуелниот вицешампион на Македонија на својата официјална веб-страница.
Откако во изминатиот период тимот на соколи го водеа стратези од странство, клубот од Карпош конечно се реши да му даде шанса на домашен стручњак, и тоа на Даскаловски, кој во последнит енеколку години беше асистент во стручниот штаб на оваа екипа.
„Повеќегодишниот асистент во стручниот штаб, Борче Даскаловски, од денеска е прв тренер на актуелниот македонски вицешампион, екипата на Карпош Соколи. Станува збор за еден од наједуцираните стратези во кошаркарскиот спорт кај нас, кој во моментов е и доцент на катедрата по кошарка Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ), а кој е еден од неколкумината во овој спорт кај нас со титулата доктор“ – го пофалија „соколите“ својот нов тренер.
Актуелниот вицепрвак на Македонија потпиша нов договор со Лабовиќ, а центарската линија ја засили со Кире Николовски, кој доаѓа на местото на Бојан Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА