Досегашниот играч на Пелистер, Борче Маневски се реши да стави крај на играчката кариера, и во иднина да се посвети на тренерската. Ветеранот на битолските „зелени“ во иднина ќе биде во стручниот штаб на битолчани и ќе му биде помошник на Влатко Костов, соопштија од клубот.
Маневски настапуваше во Пелистер, Победа, Работнички, Вардар, Милано, а играше и во Балкани во Косово, потоа во Малта, Тајланд, Србија, и во Полска. Тој забележа и четири настапи во националниот тим на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА