Борењето, како еден од најтрофејните македонски спортови, кое го донесе досега и единствениот олимписки медал за Македонија во независната историја, во иднина ќе добие и далеку посилна поддршка од државата како би се вратило на старите патеки.
Ова е заклучокот од средбата на делегацијата на Федерацијата за боречки спортови на Македонија предводена од претседателот Бетим Вранези со премиерот Зоран Заев.
На средбата на која присуствуваа и потпретседателот на ФБСМ, Дејан Богданов, секретарот Александар Лазарев како и легендите на македонското борење Шабан Сејдиу и Зоран Шоров, беа разгледувани комплетните состојби на македонското борење во моментов, како и текот на подготовките за Европското првенство за кадети и Светското првенство за ветерани кои ќе се одржат во Македонија.
„Добивме комплетна поддршка од премиерот Заев во интенцијата со заеднички сили повторно борењето да го вратиме како еден од водечките спортови во земјава, од кого може повторно во иднина да очекуваме и олимписки медал“ – истакна по средбата претседателот на ФБСМ, Бетим Вранези.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА