Борец Баскет го промовираше првото странско засилување во својата историја (ФОТО)

Македонскиот кошаркарски второлигаш Борец Баскет го претстави првото странско засилување во историјата на клубот. Тоа е Американецот Дерик Елис.

Елис во Велес пристигнува од колеџот Фраглар кој се натпреварува во втората дивизија каде на 23 одиграни натпревари во последната сезона бележеше просек од 9.7 поени и 4.0 асистенции.

Се вчитува...