Борец донесе нов Американец за влез во Супер-лигата

Екипата на Борец од Велес успешно договори ангажман на нов странски кошаркар, потпишувајќи договор со Американецот Зион Јанг.

Станува збор за кошаркар кој има настапувано во НЦАА-лигата во тимовите на Оуклен, Вестерн Илиноис и Саутерн Јута, а по заминувањето од САД се преселил во Азербејџан, кад еимал просек од 24 поени и 4 асистенции на натпревар.

Борец имаше американски кошаркар и во првиот дел од сезоната, Дерек Елис Џуниор, кој имаше одлични настапи во дресот на велешани, на крајот од годината сепак си замина од клубот, па сега останува Јанг да продолжи по негови стапки ако Борец сака да успее во борбата да го освои првото место и да стигне до билет за влез во македонската кошаркарска елита.

Се вчитува...