Екипата на Борец и Штип УГД ќе играат во финалето од Купот на ОФМ 2026 во машка конкуренција.
Борец во полуфиналето со 3-0 (25-19, 25-14, 26-24) го победи Работнички. Велешкиот состав беше сигурен во првите два сета, додека во третиот имаше негатива од 16-20, која успеја да ја анулира и со пресврт да го освои сетот на разлика и да си го потврди местото во финалето.
Штип УГД со 3-0 (25-17, 25-18, 25-12) во второто полуфинале ја победи Струмица оправдувајќи ја фаворитската улога и ќе го брани куп пехарот, каде ќе атакува на “хет-трик” во денешното финале.
Машкото финале од Купот на ОФМ 2026 се игра денеска од 19:30 часот, во СЦ “Јане Сандански” во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

