Борец на Купот допатувал со само 9 ракометари, па Е. Пелистер 2 службено ќе игра во битката за Ф4

Денеска стартуваат четвртфиналните натпревари по групи за пласман на Фајнлфор турнирот во Купот на Македонија за сезоната 2024/25.

Првиот натпревар од четвртфиналната група во Битола не се одигра затоа што ракометарите на Борец Фруитленд во Битола допатувале со само девет ракометари, а според правилникот мора да пријави најмалку 12 ракометари за да може да одигра официјален натпревар.

.Натпреварот нема да се одигра и ќе биде регистриран со службени 10-0 за Е. Пелистер 2. Победникот од вториот натпревар меѓу РК Вардар 1961 и РК Бутел, кој се игра денеска од 13:30 часот, ќе игра во финалето во 19 часот во салата “Боро Чурлевски” против Е. Пелистер 2 во битката за место на Ф4.

Се вчитува...