Борец осамен на врвот откако го освои Штип…

Велешки Борец уште од сега отворено ги најавува амбиците за влез во прволигашкото друштво. Во дербито на 4. коло од Втората лига – Исток кое се играше под рефлектори во Штип, Борец славеше со 0-2 на гостувањето против Брегалница.

Велешани задачата си ја завршија по само половина час игра. Уште во 7. минута Борец дојде до водство со голот на Ѓорѓи Ѓорѓиев, а Симеон Христов од пенал во 28. минута ги постави конечните 0-2.

По оваа победа Борец е единствената екипа со максимални четири победи по првите четири кола.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...