Одбојкарите на Борец од Велес ќе играа во финалето на Машката одбојкарска лига откако во мајсторката од полуфиналната серија во драматичен меч со 3-2 ја совладаа Шкендија во Тетово.
Повеќе од драматичен дуел одиграа двете екипи. Тетовци поведоа со 2-0 во сетови добивајќи ги првите два сета со 25-12 и 25-22, но потоа се беше во знакот на Борец.
Велешани предводени од Волков и од Димовски ги свртеа работите во своја полза за 22-25, 12-25 и 10-15 во решавачкиот, петти, сет и конечна победа од 2-3 во сетови.
Борец, на тој начин, се избори за привилегијата да играат финале со Струмица Никоб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА