Раководството на велешки Борец се одлучи на прекин на соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб Љупчо Димитковски.
„ФК Борец 1919 му благодари за досегашниот аганжман и му посакува успех во понатамошните тренерски води“ – се вели во соопштението на велешани.
За нов тренер на Борец е именуван Даниел Стојановски кој досега во својата тренерска кариера работеше како тренер во Слога Виница, Велешта, ГФК Куманово, Воска Охрид, а и како помошник тренер во Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА