Борец од Велес славеше со 1-3 (1-1) против новиот второлигаш Кит Го на пријателскиот натпревар кој денеска се одигра во Пехчево.
Велешани, кои своите подготовки ги реализираат во Пехчево, до триумфот дојдоа со головите на Роберт Коцев, Христијан Николовски и Мусиќ, а стрелец на единствениот гол за Кит Го беше Филип Неделковски кој постигна убав погодок со шут од повеќе од 20 метри.
Кит Го настапи во комбиниран состав без Мариќ, Дујовски, Мартин Димовски.
Во недела (29. јули) Борец ќе се тестира со Каменица Саса, додека Кит Го го очекува пријателски натпревар со струмичка Беласица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА