Борец со „петарда“ против Тетекс во „генералката“ пред стартот на Втората лига

Велешки Борец со убедлива победа од 5-0 против Тетекс ја заокружи „генералката“ пред стартот на новата второлигашка сезона.

Фудбалерите на Борец беа немилосрдни кон тетовци постигнувајќи пет погодоци од кои два на Христијан Христов, а по еден постигнаа Роберт Коцев, Бојан Колевски и Ѓоре Ѓорѓиев.

Сезоната во двете второлигашка конкуренции во Македонија стартува следната недела, на 18. август.

Се вчитува...