Лидерот во Втората лига – Исток, екипата на Борец со седум нови имиња ги почна подготовките за пролетната полусезоно.
Велешани, и покрај снежните услови за тренинг на Градскиот стадион, во максимално позитивна атмосфера под водство на шефот на стручниот штаб, Горазд Михајлов стартуваа со тренинзите.
За продолжението од шампионатот, низ кое ќе се бара влез во елитната конкуренција, Борец се засили и со седум нови фудбалери, Дарко Илиески, Микица Георгиевски, Филип Јаневски, Филип Петров, Андреј Ричков, Милан Чичевски и Кирил Ивановски, а од тимот замина младинскиот репрезентативец Бојан Колевски кој се врати во Вардар.
Според програмата на стручниот штаб, екипата ќе работи во Велес до 8. февруари а потоа ќе се реализираат подготовки во Струга каде се планирани и неколку пријателски натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА