Борец среде сезона се откажа од настап во ракометната Супер-лига

Екипата на Борец од Велес преку соопштение објави дека го прекинувa настапот во ракометната Супер-лига. Велешани уште во пресрет на сезоната се соочуваа со огромни финансиски проблеми, собраа сили и решија да ја почнат сезоната, но откако состојбата не се подобри, онесена е одлука за прекин на настап во сите категории.

Соопштениието на Борец Велес го пренесуваме во целост…

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА

ГРК Борец АД Велес ја известува целокупната јавност дека поради неисполнување на обврските кон играчите и стручниот штаб, од страна на сопственикот односно Општина Велес, и покрај огромните напори и вложување на самите играчи и стручниот штаб за непречена работа и функционорање, од самиот сопственик на клубот има голема незаинтересираност за одржување на клубот во непрекинато функционирање.

Поради овие причини одлучено е да се прекине со натпреварување во сите категории.

Пред почетокот на натпреварувачката сезона 2018/2019 имаше најава од Општина Велес дека ќе се обезбедат спонзори и средства за непрекината работа и функционирање, веќе 4 месеца немаме најава за спонзорства и подмирување на обврските кон нас кои максимално се залагавме и се залагаме да го одржиме клубот во добра кондиција и покрај тешката финансиска состојба.

Сакаме да ја известиме јавноста дека секојдневно пристигуваат тужби на адреса на клубот за неподмирени обврски кон фирми, ангажирани лица и играчи.

Секој месец уредно се доставуваше барања за обезбедување финансиски средства со финансиски план до сопственикот односно Општина Велес. Но од самиот сопственик беа одобрени и доделени финансиски средства во висина од 1/4 од побараното за потребите на тековната работа на клубот, воедно доделените финансиски средства се искористуваа и се искористуваат за подмирувања на тужби од фирми и играчи кои имаат доспеани побарувања, и со самото тоа не остануваат средства за продолжување на тековната работа.

Ваквиот однос со одобрување на далеку помали средства од потребите на клубот веќе пола година и повеќе доведе до ваквата ситуација, како и немање на слух за продолжување на децениската традиција на клубот.

Со Почит
ГРК Борец АД Велес

Се вчитува...