Пред завршувањето на сезоната во ВМФЛ, екипата на Борец остана без искусниот дефанзивец Стојан Стојчевски. Управата на Борец образложи дека се разделува со Стојчевски поради прекршување на клупската етика, односно своеволно заминување од клубот откако дознал дека не е во првиот тим на мечот со Скопје.
Борец во моментов е претпоследен на табелата во Втората лига, со минимални шанси да опстане, затоа што заостанува дури седум бодови од местото кое води во бараж, на шест кола до крајот. Велешани немаат никакви шанси да го обезбедат директниот опстанок со оглед дека Вардар Неготино на 13. позиција бега дури 21 бод.
„Оваа одлука е резултат на низа настани кои не се во согласност со професионалните стандарди и вредностите што нашиот клуб ги негува. По слабите настапи на натпреварите против дирекните конкуренти за опстанок во лигата, ФК Осогово и ФК Победа, каде што играчот беше директно инволвиран во ситуациите кои доведоа до примање на три гола, како и единствениот погодок против Победа. Ситуацијата кулминираше на натпреварот против ФК Скопје, кога Стојчевски самоволно го напушти тимот по дознавањето дека не е вклучен во првиот состав. Тој никого не го извести зошто си замина и зошто не седеше на клупата на овој натпревар тоа само он знае.Инаку Стојчевски е единсвен фудбалер во клубот кој ја имаше земено и априлската плата со образложение дека има итна опрерација за некој член од семејството.
Раководството на ФК Борец 1919 смета дека ваквото однесување е во спротивност со клупската етика и го нарушува тимскиот дух и единство, кои се клучни за остварување на нашите спортски цели.
ФК Борец 1919 останува посветен на градење на професионален и одговорен тим, кој ќе ги претставува клупските бои со најголема чест и ќе се бори за поголеми успеси со целосна посветеност“, стои во соопштението на Борец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА